Владата го повлече предлог-законот за дигитални учебници, ќе следи јавна дебата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование е повлечен.

Од Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ вчера на нивната фејсбук страна објавија допис од спикерот Талат Џафери со кој ги известува дека Владата го повлекла Предлог-законот поднесен на 29 април и со тоа нивното барање за „предлог-референдум за изјаснување на волјата на граѓаните е беспредметно”.

Од Владата и МОН појаснуваат дека законот е ставен на јавна дискусија, по што ќе биде повторно вратен во Собрание.

„Информираме дека предлогот на Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основното и средното образование ќе биде повторно достапен за јавна дискусија и за вклучување на оние поединци, групи и здруженија на граѓани кои не успеаја досега да се произнесат и да дадат свој предлог и или сугестија за усвојување на најдобрата верзија во интерес на поквалитетен воспитно – образовен процес, по што конечниот текст на законот, кој ќе се креира по целосно исцрпување на придобивките од јавната дебата, ќе биде доставен во Собрание“, стои во одговорот на МОН и Влада до Радио МОФ.

Од друга страна пак, министерката за образование Мила Царовска на својот Фејсбук профил објави дека новите наставни програми за прво и четврто одделение се веќе усвоени и јавно достапни.

„Се изработуваат и нови материјали за учење, при што оние за прво одделение ќе бидат готови до крајот на јули по што ќе следи дистрибуција до училиштата, додека за четврто одделение ќе бидат готови во првата половина на август и тие ќе добијат и дигитална верзија.Во постапка е набавката на 10 илјади таблет компјутери, а се набавуваат кабинети за природни науки за 265 училишта, кои се за погорните одделенија, но важно е училиштата да се подготвени за имплементацијата на реформскиот процес кој ќе се спроведува во следните 5-6 години“, напиша Царовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи