Во вторник промоција на салата за театар и кино

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Во вторник, 6-ти јули, во 13 часот, во горната училишна зграда ќе се одржи завршната форумска сесија за промоција на проектот „Опремување на мултифинкционална сала“. На настанот се поканети сите граѓани на општина Крушево.

Денес претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски и претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации извршија увид во завршните работи од проектот.

„Со 62 илјади франци ја опремивме оваа сала за денес да имаме високо опремен просор за кино и театар. Во рамки на истиот проект ја унапредуваме и работата на Советот преку инсталирање на опрема за пренесување во живо на седниците на совет. Драго ми е што соработувавме со УНДП и се надеваме на нови проекти во иднина“, изјави Петроски.

Форумските работилници се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи