Над 400 казни за неиздавање фискални сметки, „МОЈ ДДВ“ слави 2 години

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Управата за јавни приходи (УЈП) по завршувањето на најголемиот бран на Ковид-19 пандемијата спровела огромен број на контроли кај даночните обврзници за неиздавање фискални сметки на територијата на целата држава и изрекла повеќе од 400 глоби. Ова го потврди денеска директорката на УЈП Сања Лукаревска како одговор на новинарско прашање на прес-конференција по повод  „Две години МојДДВ со граѓаните“.

„Уште со првата година по воведувањето на апликацијата „МојДДВ“ од граѓаните имавме огромен број на пријави за неиздавање на фискални сметки кои одеа преку анонимни пријави од страна на граѓаните во канцелариите на Управата, преку линијата 198 и на јавни социјални медиуми. Врз основа на тоа сме постапиле насекаде. Направени се огромен број  на акции и на контроли. По завршувањето на бранот имаме  направено огромен бројна контроли и изречени се повеќе од 400 казни, односно глоби за даночните обврзници низ целата држава, вели Лукаревска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи