Туристите од Србија и Турција ќе имаат бесплатен паркинг во Охрид

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Советот на Општина Охрид донесе одлука за време на оваа сезона туристите од Србија и од Турција што ќе летуваат во градот да бидат ослободени од наплатата за паркирање.

Станува збор за одлука што ја најави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески за време на неговата посета на Белград, а како благодарност до Република Србија за поддршката на државата во процесот на имунизација на македонските граѓани против Ковид-19.

Согласно одлуката, сите туристи што во Охрид ќе пристигнат со сопствени возила, а се со регистарски таблички од Србија односно Турција нема да плаќаат паркирање на јавните површини и паркиралишта во градот со кои стопанисува ЈП „Билјанини извори“.

За туристите од Србија претходно беше најавено дека ќе бидат ослободени и од наплата на влез во повеќе културно-историски локалитети и објекти во Охрид.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи