Шар Планина е прогласена за национален парк – Македонија со 4 национални паркови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонското Собрание со 66 гласови „ЗА“ му дадоа зелено светло за Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со изгласувањето на овој Закон државава го добива четвртиот национален парк, прв по осамостојувањето.

„Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. Располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни,  пределни и културни вредности.  И што е најважно, очекувам дека со со овој чекор отвараме една нова страница и нови можности не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој на подрачјето и на државата, за воспоставување на поширока прекугранична соработка, за користење на нови финансиски можности и за развој на локални брендови и разни форми на туризам и зајакнување на продажната моќ“, изјави министерот за заштита на животната средина“, изјави министерот за животна средина и просторна планирање, Насер Нуредини.

Со усвојување на Законот за прогласување на дел од Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II, односно за Национален парк, нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и прв од прогласувањето на независноста.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи