Филипче: Утре пристигнуваат 10 илјади вакцини „Астра Зенека“ донација од Хрватска, најава за 10 илјади „Спутник“

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за здравство Венко Филипче најави дека утре треба да пристигнат 10 илјади вакцини на „АстраЗенека“, донација од Хрватска, а во текот на наредната недела се очекува иста количина од вакцината „Спутник“.

„Имаме најава дека в петок ќе стигнат 10.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска. Во текот на наредната недела се очекува да стигнат и 10.000 вакцини  на „Спутник“, од Русија“, изјави Филипче.

Околу 50-тина илјади вакцини беа дистрибуирани веќе во понеделникот и денеска се спроведува имунизација во сите градови. Вклучени се и центрите за масовна вакцинација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи