ВИДЕО – Само 9.000 евра се потребни за второ лекување на Марина Гулевска од Прилеп за нормално да и функционираат левата рака и нога

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


39 годишната самохрана мајка Марина Гулевска од Прилеп ја делат уште само околу 9.000 евра за да може да и се врати 80% од нормалното функционирање на левата рака и нога. Пред 12 години имала крварење во мозокот по што целата нејзина лева страна од телото и останала парализирана. Во март оваа година беше на роботна терапија во една клиника во Ниш, соседна Србија, но потребен е уште еден третман за да се постигне саканиот ефект. И тогаш собираше средства преку донации на хумани луѓе и компании.

„Не газев воопшто на левата нога, сега газам, ја виткам ногата, за биди подобрувањето 80% како што ми ветија од клиниката треба да одам повторно. Првиот пат не ги дособрав сите потребни средства, останав таму колку што имав собрано парични средства“, истакна Марина Гулевска.

Гулевска во моментов ги користи сите законски издатоци што и следуваат од државата за да може да преживее. Но тие не се доволно и за да може да издвои пари за лекувањето, поради болеста не е работоспособна. Затоа моли за помош кај добронамернии луѓе и компании.

„Со овие парични стредства што ги добивам од државата како помош тешко да соберам 9.000 евра. Затоа ги молам сите хумани луѓе, мојата судбина е во нивни раце“, додаде Гулевска.

 

Доколку некој сака да донира за Марина Гулевска тоа може да го направи на жиро сметката : 210700000661579 НЛБ Тутунска банка.

 

Или да донирате по 100 денари за корисниците на А1 на 143-479 и Телеком 143-107.

 

Или да ја  исконтактирате на нејзиниот приватен број 075-358-087.

 

За девизна сметка ова се потрените податоци кои ги гледате во моментов:

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи