Германски експерт со неколку совети за да се наспиете на топлото време

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Постојат неколку начини кои можат да ви да се чувствувате попријатно за време на топлите ноќи, особено ако не сакате да спиете со вклучени клима уреди.

Германскиот експерт за спиење Ханс-Гинтер Вес препорачува неколку совети за подобро да спиете:

Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот и отворете ги пред да одите во кревет .

Ако пиете нешто топло пред спиење, помала е веројатноста да се потите. Истуширајте се со  топол туш. На таков начин, ќе ви се отворат  порите на кожата и ќе имате чувство на свежина.

Избегнувајте алкохол доцна навечер.Пиењето алкохол навечер може да има психолошки, релаксирачки ефект, но исто така ги шири крвните садови и го поттикнува ноќното потење.

Ако имате подни плочки во спалната соба, можете да истурите малку вода на нив за да ја оладите просторијата, но тогаш треба да бидете исклучително внимателни кога ќе станете од креветот.

Вес има и еден специјален совет:

„Или едноставно одете во подрумот и спијте таму!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи