До петок следната недела ќе бидат вакцинирани над 500 илјади граѓани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека во моментов Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и очекува до следниот петок да бидат вакцинирани околу 500 илјади граѓани, а ќе започне и теренската вакцинација.

„Сега сме фокусирани на вакцинацијата, која се одвива во сите пунктови во земјава. Поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани. Во вторник ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени граѓани во сите градови, освен во Скопје, Тетово и Битола. Во овие три градови ќе се вакцинираат сите пријавени граѓани до петок следната недела. Што значи вкупната бројка на вакцинирани граѓани ќе биде околу 500.000 илјади. Во понеделник ќе имаме состанок со директорите на сите здравствени домови. Стигнати се малите фрижидери, кои треба да се дел од опремата за теренската вакцинација“, рече Филипче.

Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, министерот посочи дека ставот на стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи