Инфлуенсерите во Норвешка ќе мора јавно да објават ако фотографиите се фотошопирани

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Инфлуенсерите во Норвешка отсега со закон се задолжени да нагласат кога нивните слики на социјалните мрежи се обработени во фотошоп или друга програма, дури и кога се користени филтри.

Новите регулативи на Министерството за деца и семејство на Норвешка се донесени како резултат на повеќегодишни залагања на малдински групи како обид да се борат против нереалните стандарди за убавина.

„Нè загрижува култура која креира социјална несигурност што придонесува за намалување на самодовербата. Со новиот закон, на реклами и спонзорирани објави на социјалните мрежи на кои карактеристиките на телото се изменети со фотошоп или филтри, тоа ќе мора јасно да се означи. Оние што нема да го направат тоа, ќе бидат казнети“, велат од министерството.

Ова вклучува измени што се направени во големината на телото, обликот или кожата на субјектот, или бил користен филтер. Специфични примери вклучуваат зголемени усни, изменети мускули и стегнати струкови.

Сликите што биле обработени законски се задолжени да имаат етикета на нив дизајнирана од владата што го предупредува прегледувачот.

Според истражувањето спроведено од Министерството, повеќе од половина од средношколките во Осло имаат некакви ментални проблеми, а анорексијата е третата најчеста причина за смрт кај млади девојки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи