ВИДЕО – Голем предупредувачки штрајк на земјоделците на Петровден во Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На Петровден, на 12 јули, земјоделците од Прилеп, Битола, Тиквешијата и дел од радовишко-стрмучкиот регион ќе организираат предупредупредувачки штрајк во Прилеп за како што велат неисплатените субвенциии во повеќе гранки, неисплатените ковид пакети за тутунарите и лозарите, како и немањето на соодветна аграрна политика. Организаторите обвинуваат дека ситуацијата со земјоделството во Македонија била алармантна.

„Борчиме насекаде, кон аптеки, кон сите добавувачи, репроматеријалите се поскапении за 30 па и за 40%. Сега нов удар за нас земјоделците е зголемувањето на нафтата, на дизел горивата. Се оди во нагорна линија, само цената на нашите производи, останува иста, а некаде и се намалува. Значи ова е неиздржливо, Владата мора да преземи мерки за наша заштита“, вели Игор Мирчески, координатор на новите тутунарски здруженија.

 „Земјоделците се доведени да бидат социјалнии случаи. Доведени сме до тоа да не можеме да функционираме. Животниот стандард е на нула. Репроматеријалите се качуваат, цените на земјоделскиите производи паѓаат, со пласманот, имаме страшен проблем. Општо владее еден хаос, државата нема никаква стратегија, никакви мерки не се превземаат за санирање, буквално немаме силе да продолжиме да работиме“, кажа Ѓорѓи Каракашов, земјоделец од радовишко-струмичко регион.

Сточарите обвинија дека поради тешката сотојба, немањето субвенции, ниската откупна цена на млекото веќе започнале да се продаваат и цели фарми со крави. Обвинуваат дека дел од млекарниците увезувале млеко, а нивното не го плаќале реално. Слична била состојбата и со лозарството, каде велат дека никој не се грижел за нив.

Неисплатени субвенции за 2020 годиина, по грло, за млеко, буквално ништо не е исплатено. Сите ги чекавме до 30 јуни, еве не ги зедовме. Од друга страна сточната храна оди во нагорна линија и ја нема да се купи на пазарот. Едноставно незнам како и до кога ќе издржиме. Сточниот фонд нагло се намалува, се продаваат цели фарми, тешка е ситуацијата“, истакна Тони Алчевски, здружение „Пелагониско поле“ – с. Могила, битолско.

 „Сега ние произведуваме грозје, а не знаеме кој ќе го откупи, по која цена. Лани земаа грозје по 3 денари, по 4 денари, по 6 денари и никој ништо не презема. Инспекторатот требаше да преземе бидејќи имаше некоии утврдени цени 11 денари вранец, 9 смедеревка, но од тоа ништо не се презема. Сега за зелената нафта министерот вели дека допрва ќе преговарале кој ќе го земел тендерот, ами нафтата нас ни треба на пролет, не на есен“, додаде Дане Јошев, регионално здружение „тиквешки лозаро-овоштари“ – Кавадарци.

Земјоделците рекоа дека ако не вроди со плод овој предупредупредувачки протест и не им се исполнат барањата во најскоро време, ќе се подготвувал генерелен протест на ниво на цела Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи