ВИДЕО – The Hounds ја промовираа својата нова песна – „Тишина“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Крат(ish)ко споделување на неколку мисли од срце. Сакале да признаеме или не, тишината беше тоа што не повика да почнеме со ваков проект. Што не предизвика да правиме нова музика, дури и повеќе песни од тоа што првично беше планирано и го зборував на интервјуа. Целосно растеретени од тоа каков статус ќе добијат песните, како ќе „поминат” пред народ, успеавме да направиме нешто со што особено се гордееме.

Тишина е првиот здив на оваа приказна. Особено сме благодарни на Jordan Manov кој продукциски го водеше целиот процес, нашите фантастични гости Branislav Nikolov и Vesna Malinova кои дадоа дел од својата душа во песната, Trajkoski Josif кој го режираше видеото, Jana Janeska Risteski која секогаш влегува во оган за нас и е тука кога е најпотребна, Olivera Dilindarski и Sara Spirkoska кои влегоа со искрена љубов во ова, која се почуствува одма на сет, на првиот тејк. Другарите од Единак и Dejan Angeloski кои логистицираа на локациите кои снимавме, нашите прекрасни фамилии кои не сакаат, поддржуваат и “трпат” во ова…

Ова е Тишина, од Хаундс, Славејот и Малинова. Не е ни почеток ни крај, само транзиција. Уживајте ја. Напиша на својот ФБ профил, фронтменот на The Hounds, Златко Карчески.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи