ДИЦ ги соопшти резултатите од државната матура

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Елизабета Наумовска денеска ги соопшти резултатите од екстерните испити од државната матура јуни 2021 година.

Оваа учебна година за државната матура се имаа пријавено 15.294 матуранти. Од нив 7.050 од гимназиско образование, 7. 983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

Според резултатите од ДИЦ:

Средната оценка по македонски јазик е 3.93, што значи подобрување во однос на 2019 година кога последен пат се полагаше државната матура кога средната оценка беше 3.69.

Средната оценка по албански јазик е 3.59, за разлика од 2019 година кога била 3.88.

Средната оценка по англиски јазик успех е 2.82, во однос на 2019 година, кога средната оценка била 2.97.

Средната оценка по математика е 4.07.

Средната оценка по филозофија е 4.23.

Сите матуранти кои се незадоволни од резултатите во наредните три дена ќе имаат право на приговор, чие поднесување чини 1.500 денари.

На огласните табли на сите училишта, како и на страницата matura.gov.mk со внесување на корисничко име и лозинка, учениците ќе можат да имаат увид во своите лични резултати од државната матура.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи