Концерт на флејта и пијано на дуото Митева – Трбојевиќ

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 7 јули 2021. среда од 20.00 ч. ќе се одржи концерт на флејта и пијано на дуото Златка Митева и Наташа Трбојевиќ, а ќе бидат исполнети дела од македонски композитори.

Концертот е дел од  програмата за 2021 на Центарот, поддржан од Министерството за култура.

Програма:

  1. С. Стојков – СОНАТА

– Andante/allegro

– Andante pastorale

– Allegro scherzando

  1. Г. Гавриловски – ТОКАТИНА за флејта и пијано
  2. Г. Коларовски – Прелудиум бр. 1 за флејта и пијано
  3. В. Велковска – Трајановска – МЕТЕОРИ
  4. А. Мелоти – СЕЌАВАЊЕ НА ОХРИД
  5. Т. Зографски – ДИЈАЛОГ за флејта и пијано, Оп. 105
  6. Љ. Бранѓолица –ВАРИЈАЦИИ за флејта и пијано
  7. Т. Прокопиев – ДОЈРАНКА – свита за флејта и пијано

На овој концерт на дуото Митева – Трбојевиќ ќе бидат изведени дела за флејта и пијано од македонски композитори од неколку генерации. Програмата е конципирана да опфати македонски композитори од постарата генерација, од основоположниците на современата македонска музика, како Прокопиев, автори од втората генерација како Зографски, Стојков, Бранѓолица, Џамбазов, па се’ до најмладите автори како Гавриловски и Велковска – Трајановска.

Репертоарот изобилува со разноликост по форма, карактер и музичка мисла и допринесува кон целосно уживање и заинтересираност од страна на публиката секаде каде што оваа програма била изведувана.

Златка Митева, е флејтист од младата генерација, родена 1980 година. Дипломира и магистрира на Националната Музичка Академија „Панчо Владигеров” во Софија, кај проф. Лидија Ошавкова. Својот музички профил Митева го усовршува на многубројни семинари и мајсторски класови кај еминенти светски флејтисти како Патрик Гала, Жерард Бургоњ, Андраш Адорјан, Марина Новак, Филип Бернолд, Клаудио Ферани и др.

Носителка е на музички награди од државни и меѓународни натпревари по флејта и камерна музика,  меѓу кои Лауреат на меѓународниот натпревар “Петар Коњович” во Белград во 1998 година и добитник на специјална награда по камерна музика на меѓународниот натпревар “Земјата и Луѓето” во Софија, Бугарија во 2002 година. Златка Митева има бројни настапи на музички фестивали во земјава и странство; Концерт со Македонската филхармонија во Скопје во 1998 година, Концерт со Академскиот симфоничен оркестар во Софија, Бугарија во 2002 година, Концертен настап на “Мајски денови” во Русе, Бугарија, Солист на фестивалот ”Бахови вечери” во Софија, Концерт и на Штипско културно лето, Интерфест Битола, Концерти со квартет„Flautissimo“на музичкиот фестивал ,,Аполонија“ и Европскиот музички фестивал во Софија и Варна, целовечерни концерти во Ликовниот салон во Велес и Уметничка галерија„Безистен“во Штип. Со пијанистката Наташа Трбојевиќ остварува успешни концерти во Државната библиотека во Касел, Германија, Музеј „Борис Христов“во Софија, во „MC Gallery“во Њујорк, на фестивалот на народите „Concertti del Tempietto“во Рим, Италија, во Загреб, Хрватска, отварање на манифестацијата „Петровденски конаци“ во Кочани, Уметничка галерија „Безистен“во Штип, во Струмица, Тетово и др.   Зазема учество на 9 – тифлејтов фестивал во ЗагорјеобСави, Словенија, учество на 15 – тафлејтова конвенција ,, FLAUTISSIMO“во Рим, Италија, 1 – от Флејтов фестивал за студенти и професори во Загреб, Хрватска.

Златка Митева е член на камерниот состав ТРИО АКАДЕМИКО, со кој концертира на повеќе фестивали низ Македонија: „Св. Софија” во Охрид,  Штипско Kултурно Лето, Скопско Лето, Музеј на град Скопје, концерти во Куманово, Велес, Кочани, Струмица и Битола, како и на меѓународната сцена:  Интерфокс – Осијек во Хрватска, концерти на музичките академии во Белград и Нови Сад во Р. Србија, на Музичката академија „Франц Лист“во Печ и Будимшешта, Унгарија. Таа е член и на Академското дувачко Трио со кое има реализирано концерти во Штип, св. Софија, Охрид и Чешкиот културен центар во Софија, Бугарија. Таа исто така настапува и со Ансамблот за современа музика на Сојузот на композиторите на Македонија ,,КонТемпора“. Во 2017 година издава ЦД ( Музика за флејта и пијано од македонски автори) заедно со пијанистката Наташа Трбојевиќ.  Во моментов Златка Митева  е редовен професор по флејта на Музичката Академија на Државниот универзитет „ГоцеДелчев“ во Штип.

Наташа Трбојевиќ е родена 1965 година во Штип. Mузичкото образование го стекнува во Основното и Средното музичко училиште во Штип во класата по пијано на професорот Санда Бикова. Своето образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класа по пијано на професорот Лепша Пиперковска, а магистрирала во класата по пијано на проф. Евушка Трпкова Елезовиќ. Има освоено повеќе награди на натпревари по пијано. За време на студиите има одржано голем број солистички концерти организирани од Музичката младина на Македонија и Млади музички уметници, Штипско културно лето, Скопско лето и др. Учествувала и во пијано трио во класата на професорот М. Куфојанакис, професор по камерна музика. Зема учество на семинари по пијано кај истакнати пијанисти; Тимакин, А. Валдма, Б. Романов, Јокут Михајловиќ, Д. Трбојевиќ и др. Од 1988 година работи како професор по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Истовремено работи и во Музичкото училиште во Врање и во Бујановац во Р. Србија, во периодот 1988-1992 година. Таа припаѓа на првата генерација дипломирани пијанисти во Штип и е еден од основачите на класата по пијано во Средното музичко училиште во Штип. Била член на жири комисија на државни натпревари за пијано и камерна музика во Скопје и Битола од 2003 до 2009 година. Како музички педагог учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари. Од 2007 година работи како уметнички соработник на Музичката академија при УГД во Штип. Настапува на многубројни концерти организирани од Музичката  академија, вклучувајќи меѓународни и државни натпревари. Од 2016 година станува доцент на Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Од 2007 до 2017 година одржува солистички концерти (во Штип, Велес и Скопје) и преку 40 соработки со многу солисти:, Благица Поптомова (сопран), Димитар Кожухаров (бас баритон), Наташа Пандазиева (мецосопран), Златка Митева (флејта), Бранко Павловски (кларинет), со пијано дуото Трбојевиќ – Настовски.Од 2013 год. активно настапува со камерниот состав„Трио Академико”, со кое има реализирано повеќе од 15 целовечерни концерти во Р.Македонија, Р.Србија и Р.Хрватска и Унгарија. Во 2015г. издава ЦД (Барокна музика за глас, труба и пијано) заедно со проф. Васко Ристов и доцент Благица Поптомова; Во моментов м-р Наташа Трбојевиќ е доцент на Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи