Малолетници направиле сообраќајка во Прилеп и се здобиле со тешки повреди

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На 05.07.2021 во 01.00 часот било пријавено дека во Прилеп, на крстосницата од ул.„Тризла“ со ул.„11 Октомври“ и ул.„Миноски Горан“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „хамачи“, управуван од малолетник и патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управуван исто така од малолетник, двајцата од Прилеп.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка на мопедот, а со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Општата болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи