Постигнат договор: Колку штета ќе плати бродот кој го блокираше Суецкиот канал?

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Бродот  „Евер Гивен“ (Орг. „Ever given“), кој го блокираше Суецкиот канал во март, ќе биде пуштен во среда, на 7 јули, откако сопствениците на танкерот постигнаа официјален договор со египетските власти за компензација на штетата.

Јапонскиот брод „Евер Гивен“ заглави преку каналот 6 дена, прекинувајќи ја глобалната трговија, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Суецкиот канал соопшти дека договорот за спогодба ќе биде потпишан во среда и ќе може да го гледаат испловувањето на бродот.

Властите одговорни за Суецкиот канал побарале отштета од 916 милиони долари за покривање на помошта при ослободување на бродот, оштетување на угледот и губење на приходите, пред јавно да го намалат побарувањето на 550 милиони долари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи