Се чуваат резерви вакцини за попишувачите, не е планирано одложување на пописот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Апостол Симевски, директорот на Државниот завод за статистика гостувајќи во „Утрински Брифинг“ изјави дека не е планирано одложување на пописот, па затоа и резерви вакцини се чуваат за попишувачите.

„Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки.Затоа граѓаните од тој аспект треба да бида спокојни.

Во септември времето е се уште убаво, па таму каде што ќе има можност пописот ќе се спороведе и на отворено. Очекуваме дека и поглем дел од граѓаните ќе бидат вакцинирани.

Од Министерството за здравство  сме информирани дека се чуваат резерви за попишувачите и дека тие во текот на август ќе бидат вакцинирани“, изјави Симевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи