ВИДЕО : Еурокомпозит-отпишаните и заборавени граѓани на Македонија, на кои им се кршат основните права

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


И по повеќе од 2 месеци откако на седница на Владата биле дадени насоки да се реши проблемот со неисплатените придонеси од 2012 до 2019 година за поранешните и сегашните вработени во Еурокомпозит, работите не се мрднати од мртва точка. За исплата на овие заостанати придонеси Собранието донесе одлука уште во октомври 2019 година, која излезе и во Службен весник, но пари за тоа од страна на државата досега нема. Исто така се нема најдено ниту стратешки инвеститор кој би ја купил фабриката. За нов пак претставник на општественииот капитал е назначен прилепчанецот Александар Талимџиоски.

„Секој претставник што ќе дојде на општественииот капитал само вели дајте ми време од 4-5 месеци. И ќе поминам тие месеци и ништо не работат. Еве информација и до Премиерот, да знае дека задолженијата кои им ги дал не се мрднати од мртва точка. Тој ги задолжил на седница на Влада. Плус имавме одлука и на Собрание во 2019 година за да се исплатат придонесите. И сега не знаеме повеќе кај кого да се обратиме“, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен во Еурокомпозит.

Инаку преостанатите 35 вработени во државната компанија Еурокомпозит се оставени буквално на милост и немилост од страна на својт газда, а тоа е токму државата. Од декевмри 2019 година до денес имаат земено само 14.500 денари. Никој, ама буквално ама никој не ги прашал како досега живеат без денар, во екот на една страшна пандемијата и во екот на една од најголемите светски економски кризи. Не им се исплатени ниту здравственото ниту пензиското осигирување. Се лечат на приватно. Државата како нивни газда ги крши нивните основни човекови права. Ниту ги отпушта од работа, ниту пак им го дава тоа што законски им следува.

Вработените во фабриката 2 години се без плата, со никаков статус. Значи ниту здравствено осигурување имаат, ниту плата добиваат. А што е контрадикторно Одбор на директори си постои 4-5 мина. Си земаат паричка, а никаква активност нема. Тие можи си работат, ама ефект ние не видовме од нив еве 3-4 години“, Додаде Бунтески.

Поранешните е сегашните вработени велат дека не веруваат повеќе во никого и во ништо затоа што државата постојано ги лажела.

Ќе упатам еден апел до премиерот, го замолуваме да се охрабри во неговиот мандат, да најде некој човек од мајка роден и да го постави во фабриката, затоа што досега сите што дојдоа. Еден нема асолен. Барем да не не лажи. Да речи толку сум поставен, за тоа и неможам повеќе. Овие сите само не лажат, те со Гана, те со лагана, г-динот Анѓушев ќе го спомнам, ни рече тогаш кога беше вицепремиер еве купецот е најден, во авион е. Ама по се изгледа чекале да се направи аеродром во Велес, па да слези купецот и да ја купи фабриката. Во времето пред изборите Министерот за внатрешни работи ни ветуваше дека Еурокомпозит ќе го земи во состав на МВР и да бидеме како сервис за МВР и АРМ. Ништо и од тоа. Г-ѓата Шекеринска ветуваше купувачи заинтересирани, лаги и само лаги“, истакна Борко Томески поранешен вработен во Еурокомпозит.

Доколку не се реши нивниот проблем поранешните и сегашните вработени во Еурокомпозит се заканија со штрајк со шатори пред општинската зграда во Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи