Кинески астронаути со вселенска прошетка која траеше 7 часа

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Кинеските астронаути ја завршија првата вселенска прошетка на новата кинеска орбитална станица во неделата, со цел да постават камери и друга опрема со помош на роботска рака.

Астронаутите Лу Боминг и Тенг Хонгбо излегоа од воздушната комора на вселенската станица и поминаа вкупно седум часа извршувајќи ги своите задачи, додека третиот член на екипажот, командант Ни Хаишенг, остана внатре за да ги поддржува своите колеги.

Прошетката означува уште едно достигнување за кинеската вселенска програма во последните неколку месеци, откако во мај кинескиот ровер Зуронг слета на Марс.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи