Тутунските здруженија: Ни се смачи од закони, одлуки, ребаланси, нас ни требаат пари и затоа протест ќе има

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Почитуван министер, Доста ни се владини закони, одлуки, ребаланси. На земјоделците пари им требаат ПАРИИИИ!!! Се вели во реакцијата на Тутунските здруженија за објавата на министерот Хоџа за ковид пакетот за тутунарите.

„Па што чекавте досега во владата што не го донесовте ковид пакетот? Или во оваа држава нешто што ни припаѓа со закон мора на ваков начин со протести да го земиш. Со ова ако мислите дека објавивте и сте го решиле проблемот се лажете или пак ако мислите дека на ваков начин ќе го разводните протестот уште повејќе се лажете. Затоа ве подсетуваме дека на 12-07-2021 година со почеток во 10 часот во Прилеп ќе се случи „Сеземјоделски протест“ со сите Земјоделски гранки на кој очекуваме и поддршка од председателот Стево Пендаровски од кој протест ќе ги добиете барањата на земјоделците иако добро ги знаете почитуван министре! Со почит“, велат од Тутунските здруженија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи