Фон дер Лајен: Во ЕУ дадено ветување, мора да биде исполнето ветување

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, утрово ги презентираше приоритетите на претседателството на неговата земја со ЕУ, меѓу кои е и Западниот Балкан. Тој порача дека Западниот Балкан е многу важен регион за ЕУ, поради што Љубљана ќе организира лидерска средба помеѓу ЕУ и регионот во октомври во Словенија.

За Словенија проширувањето е логичниот одговор на геостратешките предизвици со кои се соочува Европската Унија, и перспективата кон Западниот Балкан, но и кон земјите од Источното Партнерство како Украина, треба да заживее повторно.

„Оваа перспектива треба да биде опиплива за да може сегашната генерација да верува дека ќе се исполни додека е жива, инаку не може да биде поттик, таа мора да биде извор на енергија и инспирација,“ рече Јанша.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен ја поздрави волјата на Словенија да го врати Западниот Балкан на дневен ред, меѓу другото со организацијата на октомврискиот самит.

„Уверена сум дека самитот со Западен Балкан ќе испрати важен сигнал до засегнатите земји дека тие се суштински стратешки партнери за ЕУ и се надевам дека словенечкото претседателство ќе умее да даде зелено светло за процедурите со Македонија и Албанија, ова е во наш личен интерес и е прашање на кредибилитет: во ЕУ дадено ветување, мора да биде исполнето ветување“, рече фон дер Лајен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи