Хоџа: Владата го одобри предлог законот за финансиска поддршка од петтиот пакет за тутунарите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На денешната седница, Владата го одобри Предлог законот за финансиска поддршка од петтиот пакет економски мерки за производителите на тутун. Напиша денеска на својот ФБ профил, министерот за земјделство Аријанит Хоџа.

„Со Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID – 19 врз производството на тутун, се уредуваат условите, корисниците и висината како и постапката за доделување на финансиска поддршка за намалување на последиците врз производството на тутун, предизвикани од COVID 19.

Обезбедени се вкупно 307.000.000 денари кои ќе бидат исплатени на следниов начин:

  • 3 денари за килограм тутун продаден како втора класа
  • 16 денари за тутун продаден како трето и четвртa класа

Имајки ја во предвид состојбата со откупот на тутун од реколта 2020 година, Владата повторно им излезе во пресрет на тутунопроизводителите“, вели Хоџа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи