Четиридневна работна недела во Исланд – резултатите одлични

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Неколку години на Исланд се тестира модел на четиридневна работна недела, односно работниците земаа иста плата за помалку работни часови. Резултатите за ваквиот систем покажале одличен успех и довеле до тоа многу работници сега да работат помалку часови.

Во експериментот за четиридневна работна недела учествувале повеќе од 2.500 работници, што изнесува околу 1 отсто од  работоспособното население на Исланд.

„Како резултат на ова, синдикатите преговараа за нови шаблони на работа и сега, 86% од работоспособното население на Исланд или работи помалку часови за иста плата или ќе го добие тоа право. Работниците кажаа дека чувствуваат помалку стрес и исцрпеност и дека им се подобриле здравјето и балансирањето на работата и приватниот живот“, велат истражувачите од организациите Автономија и Асоцијација за одржлива демократија.

Слични тестови сега се спроведуваат низ целиот свет, вклучително и во Шпанија и Нов Зеланд.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи