13 слонови во авантура – ќе летаат од ЗОО во Кент во кениската савана


Стадо слонови ќе летаат со авион, од животински парк на југот од Велика Британија од паркот за диви животни „Хаулетс“ до Кенија каде што ќе бидат ослободени во дивината. Овој лет е 7 илјади километри оддалеченост.

Оваа иницијатива е прва од ваков вид во светот во организација на фондацијата „Аспинал“ и ќе вклучува 13 слонови.

Ова е операција што ќе им овозможи на слоновите да имаат продолжен животен век, бидејќи заробеништвото предизвикува стрес и депресија кај овие животни.

Фондацијата истакна дека ќе работи со тимови кои се борат против ловокрадството, за да се обезбеди долгорочно преживување на стадото во Кенија.

Досега фондацијата веќе вратила во природата некои од животните родени во зоолошките паркови, вклучувајќи горили и црни носорози.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи