Oд четврток Mакедонија на портокалова листа за патување на Кипар, неопходен ПЦР тест

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Македонија од 8 јули ќе биде преместена од третата, црвена, во втората категорија, односно на портокаловата листа земји за патување на Кипар. За овие земји неопходен е негативен ПЦР тест направен 72 часа пред заминувањето, јавува дописничката на МИА од Атина.

Во однос на вакцинираните посетители, од Министерството за здравство на Кипар соопштуваат дека ослободени од задолжителниот негативен тест или карантин, се туристите кои поседуваат сертификат за вакцинација издаден од земјите – членки на ЕУ, на Европската економска зона, од Швајцарија, Израел, Русија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Украина, Јордан, Либан, Египет, Белорусија, Србија, Катар, Бахреин, САД, Ерменија, Грузија, Канада и Кувајт.

Исто така, треба да се поминати 14 дена од ревакцинацијата со една од вакцините одобрени од Европската организација на лекови (Фајзер, Модерна, Астра Зенека и Џонсон) или со Спутник В или Синофарм.

Туристите пред да го посетат Кипар, задолжително е 48 часа пред патувањето, да пополнат онлајн формулар.

Од Министерството за здравство на Кипар потенцираат дека категоризацијата на земји, заснована врз процената на епидемиолошкиот ризик, е исклучително динамична и може да се промени во било време согласно развојот на пандемијата и промената на епидемиолошките податоци, па затоа, листите континуирано се ажурираат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи