Десет случаи заразени со делта сој, Филипче најави можни мерки на границите за влез

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека поради регистрирање на индиската – делта варијанта на коронавирусот кај пациенти во земјава, можно е воведување мерки на границите при влез во Македонија.

До крајот на неделава Комисијата за заштита од заразни болести треба да ја разгледува актуелната состојба со делта сојот и да одлучи дали на граничните премини ќе се воведе дополнителна мерка за влез во земјава да се поседува негативен ПЦР тест.

„Евентуално барање на ПЦР тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени“, изјави Филипче.

Десет случаи на заразени со индискиот сој за корона вирусот се регистрирани во државава.

Филипче вели дека последните 4 случаи на заразени со делта сој се денеска потврдени во лабораторијата во МАНУ и тие немале премногу контакти.

„Имаат патувано во странство. Тоа се две двојки и нема епидемиолошки ризик. Сега епидемиолозите ја вршат таа работа која ја вршеа на почетокот, индивидуални контакти, изолација“, рече Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи