МЗ: Најсовремени медицински апарати на располагање за ковид центрите

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Министерството за здравство информира дека во рамките на проектот за итно справување со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19 кој е финансиран од страна на заемот од Светска банка, набавени се најсовремени медицински апарати.

Во текот на вчерашниот ден започна испораката и инсталација на апаратите и истите се веќе инсталирани во Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, Штип, Струмица, Куманово и Гевгелија, а во текот на следните денови ќе бидат опфатени и сите останати установи во согласност со набавката на медицинската опрема. Се работи за 17 Ултразвучни уреди и 17 Мобилни рентген апарати кои обезбедуваат современа и модернизирана технологија на располагање на здравствените работници за вршење детекција, дијагноза и третман на пациентите заболени од вирусот, како и за останати заболувања. Иновативните технологии на уредите е предвидено да овозможуваат поголема резолуција, да имаат напредни процесори за пренос и прием на сигнали, како и високочувствително и прецизно дијагностицирање преку ехо системот. Сите овие параметри, значително го подобруваат дијагностичкото искуство. Моторизираниот дигитален систем за снимање на Х-зраци со интелегентна подвижност, како и бионичкиот манипулатор кој создава најширок опсег на покриеност, ги задоволува посакуваните параметри во иновативното клиничко опкружување.

Постојаното вложување во здравствениот систем, детектирајќи ги потребите на пациентите преку обезбедување на апаратура со врвен квалитет, лесно адаптибилни и преносливи уреди е уште еден показател за остварувањето на нашиот стремеж кон модернизирани, современи и достапни здравствени услуги за сите граѓани на нашата држава. Со поставување на ковид центрите се овозможи двојно зголемување на постојниот болнички капацитет, обезбедени се дополнителни 10.000 м2 кои беа ставени на располагање и дополнителни 624 болнички легла во тек на пандемијата.

Министерство за здравство

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи