Во овие 76 хотели може да ги користите ваучерите за туризам


Министерството за економија објави јавен повик за реализација на мерката организиран одмор на работници со ниски приходи, чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 30.000 денари. Оваа мерка е во рамките на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари.

Лицата што ќе добијат ваучери може да ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија. Јавниот повик се затвори на 30 јуни, а сè уште се очекува листата со оние што добиле ваучер.

Министерството за економија ја објави листата со хотели во кои работниците со ниски приходи може да ги искористат ваучерите што ќе ги добијат од државата.

На листата има вкупно 76 сместувачки капацитети и туристички агенции од повеќе градови.

Листата може да ја погледнете ТУКА.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи