За 3 месеци отворени 93 нови онлајн продавници, е-трговијата не е избор, туку е неопходност


Раст од околу 75 % на онлајн трансакциите е забележан во првиот квартал од годината, а за 126 проценти е зголемен прометот кон домашните е-продавници за 126 проценти, објави Асоцијацијата за е-трговија.

Бројот на направени трансакции бележи пораст од 65 %, што значи дека вредноста на просечната трансакција е зголемена. Во првите три месеци од 2021 година реализирани се вкупно 3.228.182 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 1.954.957 онлајн трансакции во текот на првите три месеци од 2020 година.

За првите три месеци од годинава, граѓаните потрошиле 65,3 милиони евра за онлајн купување од домашни продавници што претставува пораст од 125,8 % во однос на истиот период лани. Во вкупната вредност на направени трансакции во овој период, трансакциите кон домашните компании учествуваат со 75,4 %.

„Е-трговијата повеќе не е избор, туку неопходност за компаниите да остварат раст и да достигнат до нови клиенти. Пандемијата уште повеќе го нагласи тоа и се повеќе домашните компании се адаптираат отварајќи нов канал за продажба – онлајн. Купувачите од друга страна стекнуваат дигитални вештини и ги менуваат навиките, што се рефлектира и преку трицифрениот раст од 126 % во вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон домашни е-трговци. Растат дигиталните вештини, довербата во домашните е-продавници, е-трансакциите и домашната понуда“, вели претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска.

За период од 3 месеци отворени се нови 93 онлајн продавници. Станува збор за активно регистрирани витруелни продажни места кои се пријавени од страна на петте банки кои во моментов нудат е-трговија како дел од своето портфолио на услуги.

Извор: Бизнис вести

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи