„Ковид 4“ бескаматна кредитна линија – за стопанствениците од 3 до 30 илјади евра кредит без камата

Facebook
Twitter
Email
Print


Околу 10 милиони евра се проектирани за  бескаматната кредитна линија „Ковид 4“ која Владата планира да ја спроведе во следниот период.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вели дека со оваа линија се предвидува поддршка за микро приватните мали и средни субјекти, во секторите кои се најпогодени од ковид кризата.

Освен кредитната линија исто така се предвидува „Ковид 4“ да може да премине во грант, вели министерот,

Пред се за тие претпријатија кои во 2020 имаа најмалку 30% пад на приходите.

Директорот на Развојна банка, Кире Наумов рече дека оваа линија е наменета за барањата на субјектите од секторот на транспорт, гастрономија, туризам и индустрија на настани.

Најголемата сума на кредит која може да се добие од Ковид 4 изнесува 30 илјади евра, а минималната 3 илјади евра. Рокот за исплата е до 3 и пол години, вклучувајќи го овде и грејс периодот од 12 месеци. Висината на кредитот кој може да се добие зависи од падот на приходите на субјектот во 2020 споредено со 2019. Се аплицира онлајн почнувајќи од 15 јули. Јавниот повиик ќе трае 20 дена. Апликациите ќе бидат разгледани и ќе се одлучува според начелото „прв дојден, прв услужен“.

Тој додаде дека документите кои се потребни да бидат поднесени при аплицирање се во голема мера идентични со претходните бескаматни кредитни линии, а задолжителните документи вклучуваат кредитно барање, ЗП образец и изјави кои може да се симнат од веб страницата на банката каде што е објавен и Јавниот повик.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи