Нуредини: Ренџерска служба ќе го чува НП „Шар Планина“

Facebook
Twitter
Email
Print


По повод изгласувањето на Законот за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за национален парк од страна на Собранието на Република Макеоднија и потпишувањето на указот од страна на претседателот Стево Пендаровски, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа прес конференција на која ги изнесе деталите од Законот, идните чекори во имплементација на Законот и обезбедувањето на одржливо управување на заштитеното подрачје.

Откако Собранието на 30 јуни го усвои законот со кој дел од Шар Планина стана национален парк, сега во рок од три месеци Владата треба да формира национална установа која ќе управува со паркот.

„Ќе се воспостави ренџерска служба која ќе се грижи и ќе го чува националниот парк. Клучно е што конкретните забранети активности ќе се дефинираат со планот за управување кој ќе биде донесен во рок од една година. Планот за управување ќе се прави со странски експерти, ќе има јавни расправи и ќе биде транспарентен“, рече Нуредини.

Вкупната површина која е ставена под заштита е 62.705 хектари, од кои 26,5 проценти се во зона на строга заштита, 49,06 проценти во зона на активно управување и 22,2 проценти одржливо користење.

За малите хидроцентрали кои имаат добиено концесија за работа, министерот Нуредини вели дека се водат разговори и преговори за да се раскинат дел од договорите, но сепак треба да се внимава бидејќи тие договори се веќе склучени од Владата и може да биде оштетен државниот буџет.

Нуредини кажа и дека нема да биде легализирана ниту една дивоградба на Шар Шланина.

Она што е клучно е дека конкретните забранети и дозволени активности во подрачјето ќе се уредат во Планот за управување, кој се носи во рок од една година од донесувањето на Законот и за кој веќе обезбедивме средства и меѓународни експерти од Меѓународната унија за заштита на природата IUCN, преку Програмата за заштита на природата на Обединетите Нации. Истите веќе работат на терен, со локалното население, со економските субјекти, со цел изнаоѓање на најдоброто решение. Процесот на донесување на Планот за управување, исто така предвидува јавни расправи и ќе биде обезбеден инклузивен и транспарентен за сите засегнати страни. Ние во министерството за животна средина и просторно планирање веќе обезбедивме 6 милиони денари за првата година од воспоставувањето на Паркот кога тој се уште нема да има свои средства“, вели Нуредини.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи