Османи за Резолуцијата од ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ е на ставот дека овој процес треба да почне од нула

Facebook
Twitter
Email
Print


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, во врска со предложената резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграцискиот пат на земјата, денеска изјави дека неговата партија ДУИ е на ставот дека овој процес треба да се почне од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметнат од една парија.

„Ако заради некои политички, партиски амбиции, овој државен консензус кој што го постигнавме да го претвори повторно во етничко прашање, тоа е најголемата штета што може да ја направи. Ако треба да се донесе некаква резолуција тоа треба да биде производ од сите, а не наметната од некоја политичка партија. ДУИ е на ставот дека овој процсе треба да се почне  од нула, да седнат политичките партии консензуално, а не да биде наметната од една парија, како што напоменав се плашам дека може од државна со вкава резолуција да преминеме во етничка позција“, вели Османи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи