СЕММ додели награди за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19

Facebook
Twitter
Email
Print


Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска ги соопшти наградите за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите во време на Ковид-19.

Прво место освои сторијата на тема „Децата за кои не почна новата учебна година” на авторката Ирена Каревска од редакцијата на 360 степени.

Втора награда oсвои сторијата со наслов „Коронавирус – борба низ иглени уши за работничките права”, на авторката Христина Ѓорѓиевска, а објавена на платформата „Види вака”.

Tрета награда освои сторијата на тема „Трошна училница од 5 метри квадратни” на авторката Арбана Ќерими, емитувана на ТВ 21.

Освен награди за најдобрите стории, жирито одлучи да додели и две пофалници.

Првата пофалница се доделува за сторијата со наслов „Самохраните мајки во пандемијата” на новинарката Ана Зафирова, објавена на Дојче Веле, а втората пофалиница се доделува на новинарката Катерина Топалова, за сторијата „Штипјанец им гради куќи на сирмашните”, емитувана на МТВ.

Со жирито претседаваше Љуљзим Хазири, а негови членови беа и Билјана Петковска и Драган Секуловски.

„Инклузивноста подразбира да им се даде глас на сите во медиумското известување Доколку публиката се препознава во известувањето таа ќе ја зголеми довербата во медиумите”, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ.

Јавниот повик на СЕММ беше отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија, во периодот од 1 мај 2020 до 1 мај 2021 година. На годинешниот конкурс се пријавија вкупно 41 новинарска сторија од 20 автори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи