Граѓаните пријавуваат загадување преку онлајн платформа, само 16 жалби од Пелагонскиот регион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Откако постои онлајн платформата на Државниот инспекторат за животна средина, регистрирани се над 300 пријави за загадување на животната средина кои ги поднеле граѓаните за помалку од 5 месеци.

Најмногу пријави се поднеле за пријавувало загадување на воздухот, за што стигнале 97 претставки, потоа за диви депонии и горење на депонии – 43 и за загадување на реки – 36 претставки. Граѓаните се жалеле и на прекумерна бучава, исфрлање на градежен шут, сечење дрвја и слично.

Најмногу жалби до инспекторите дошле од Скопскиот регион – 103, а најмалку од Пелагонискиот, само 16.

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска вели дека се задоволни од ефикасноста на алатката.

„Целта на онлајн платформата беше да се олесни комуникацијата помеѓу граѓаните и инспекторатите, како и да се создаде канал за директна комуникација со Државниот инспекторат. Од вкупно пријавените 311 претставки, 82 биле наменети за инспекторите во ДИЖС, а 202 за овластените инспектори. Државниот инспекторат самостојно или координирано со овластен инспектор има излезено на терен на повеќе од половината, 145, потоа 67 претставки се проследени до овластен или друг инспектор бидејќи немало правна основа за постапување на ДИЖС, додека 27 биле анонимни или неосновани пријави“, вели Петровска.

Пријавувањето на еколошките проблеми има четири различни опции, испраќање порака преку Фејсбук страницата на Државниот инспекторат за животна средина, е-адресата prijavi@sei.gov.mk, веб-страницата www.sei.gov.mk и преку полето „пријави“ на е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk. Од понудените можности, граѓаните најчесто ја одбирале фејсбук страната на инспекторатот, преку која стигнале 180 пријави, потоа веб страната на инспекторатот 63 и имејл адресата на која стигнале 41 поплака за еколошки проблем.

Во пријавата граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат и слика или видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат и да ги информираат што е преземено по пријавата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи