„Обединети работници“ со поддршка за најавените протести на лицата со хендикеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Лицата со хендикеп се една од групите во нашето општество која што често се користи за добивање на поени пред секои избори од страна на политичките партии, но години наназад не добива никаква реална помош. Доста е со таквиот игнорантски однос – време е да се чуе нивниот глас, велат од „Обединети работници“.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Лицата со хендикеп не бараат ништо повеќе од она што ги следува, односно за нив е од значење само правилното и правичното спроведување на законите, со што би се подобрило нивното секојдневие и би им се овозможил далеку поголем квалитет на живеење.

ДСП „Обединети работници“ дава целосна и безрезервна поддршка на лицата со хендикеп кои што ќе бидат обединети на протести организирани во период од 20.07.2021 до 30.07.2021 година, пред Владата на Република Македонија.

Да не дозволиме овие искрени борци да ја војуваат борбата сами, да дадеме свој придонес сите ние и да присуствуваме рамо до рамо со нив! Нивната борба е и наша борба! Време е за обединување“, потенцираат од „Обединети работници“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи