Петта форумска сесија, презентирана салата за театар и кино пред граѓаните на Крушево

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На петтата форумска сесија се презентираа резултатите од проектот „Опремување на мултифункционална сала“ со што Крушево доби целосно опремена сала за театар и кино со гасеничар.

На последователната форумска сесија, која се одржа токму на местото каде што се имплементира проектот, се презентираше процесот на имплементација, но и можноста за реализација на останатите проекти и препораки кои беа дадени од страна на граѓаните на претходните 4 форуми.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изјави дека со овој проект и целосната реконструкција на горната училишна зграда овој простор повторно е вратен во живот.

„Младите добиваат ново место, а целосната реконструкција на горната училишна зграда го враќа во живот овој локалитет кој носи спомени за многу од нас кои сме учеле и спортувале овде. Се заблагодарувам на УНДП за соработката и поддршката.“, изјави Христоски.

Последователната форумска сесија и имплементацијата на „Опремување на мултифункционална сала“ се дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи