Пронајдена грешка: Мајкрософт предупредува итно да го ажурирате компјутерот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Мајкрософт ги повика корисниците веднаш да го ажурираат Windows, откако беше откриена грешка во тој оперативен систем, пишува CNN.

Проблемот настана откако истражувачите од компанијата за сајбер безбедност  „Сангфор“ случајно објавиле детални упатства како se искористuva PrintNightmare грешката во рамките на услугата Windows Print Spooler.

Експертите на крајот на мај објавиле дека ја пронашле грешката и пријавиле во „Мајкрософт“, но упатствата веќе биле објавени на други страници.

Мајкрософт одговори со изјава во која се наведува дека хакерите, користејќи ја грешката, можат да ја преземат контролата над компјутерот, да избришат и инсталираат датотеки и да додадат нови кориснички сметки со целосни кориснички права, што ќе им даде голема контрола врз компјутерот и може да предизвика сериозна штета.

Мајкрософт ги повика сите корисници на Windows 7 и 10 да ги ажурираат своите компјутери веднаш преку услугата Windows Update за решавање на потенцијален сериозен проблем.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи