Левица Прилеп со силна поддршка за најавениот протест на земјоделците

Во време кога се гази по достоинството на секој земјоделец, кога некој друг заработува на трудот и грбот од производителот, кога оваа стопанска гранка е доведена сама да се снаоѓа без никаква помош од државата, Левица – Прилеп го поддржува револтот на земјоделците.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Голем дел од нашите сограѓани, меѓукои и членови, кои егзистираат преку оваа гранка, се директно засегнати од овој проблем. Затоа, Локалниот огранок на Левица – Прилеп безрезервно ќе ги поддржи земјоделците!

Пробиени се сите законски рокови и обврски за исплата на субвенции и Ковид пакети од државата кон нив, доведени се во крајно незавидна финансиска ситуација и поради тоа се приморани да организираат протест на 12.07.2021 пред зградата на општина Прилеп со времетраење од 10 до 12 часот.

Да излеземе сите заедно сплотени, без партиски ознаки и да дадеме поддршка на тие што не’ хранат, а воедно на власта да и пренесеме остра порака дека знаеме што се случува но, нема да оставиме ова да трае уште долго!“, велат од Левица.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи