Највисокиот песочен замок во светот изграден во Данска


Највисокиот песочен замок во светот, висок 21 метар е изграден во данскиот град Блокус, а за негова изградба биле потребни неверојатни 4.8 тони песок.

На неговата изградба работеле 30 скулптори и тој е за 3 метри повисок од претходно највисокиот песочен замок изграден 2019 во Германија, што го потврди и Гинисовата книга на рекорди.

Структурата на замокот потсетува на пирамида, а креаторот на истиот, Холанѓанецот Вилфред Стијгер изјави дека преку оваа скулптура сакал да ја истакне моќта на коронавирусот кој завладеа со нашите животи во последната година, поради што на врвот се наоѓа претстава на вирусот со круна.

„Владее со нашите животи. Ни кажува што да правиме, како да стоиме настрана од семејствата и да не одиме да убави места. Не правете ништо, седете дома“, вели тој.

За да биде поцврст, замокот содржи 10 отсто глина, а по изработката е додатно зацврстен со слој од лепак, за да ја задржи структурата при ладното и ветровито време во есен и зима. Се очекува песочната скулптура да опстане до февруари или март.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи