Тажен крај на големата љубов помеѓу омилените балкански штркови Малена и Клепетан


Најомилениот штрк на Балканот, Малена, почина вчера во домот на Стјепан Вокиќ во Бродска Варош во Хрватска.

Љубовната сага меѓу неа и штркот Клепетан траела цели 19 години. Стјепан се грижел за Малена веќе 28 години, од 1993 година, кога ја донел дома од риболов, откако ја нашол со скршено крило.  Од 2001 година Клепетан доаѓал кај својата Малена, и од оваа љубов, тие до денес имале 66 потомци, според кажувањата на Стјепан.

„11 дена не сакаше да јаде, се обидов да ја ранам, беше кај мене дома. Клепетан остана тука, но не сака во гнездото. Тој и натаму мисли дека таа е некаде, многу ми е тешко. Долго време имаше скршено крило. И ветеринар ја посетуваше во последните денови, но веднаш ми кажа дека и нема помош“, вели за Индекс.хр Стјепан.

За нивната љубовна приказна е снимен и филм насловен како „Старецот и штркот“.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи