Внимавајте на лажни пораки на Вибер од странски броеви за добивка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Деновиве на мобилните телефони на корисниците кои ја имаат инсталирано апликацијата „Вибер“ им пристигнуваат лажни пораки за освоени илјадници долари.

Според корисниците, во лажната порака најчесто се наведува дека вашиот број е избран како добитник на 700 000 американски долари во промотивна програма на „Вибер“ и се бара да се испрати код на одреден е-маил.

Од МВР велат дека досега немаат евидентирана пријава дека некој бил измамен со овие пораки, но апелираат граѓаните да бидат внимателни.

Станува збор за уште една интернет измама, а совет е на ваквите пораки никогаш да не се одговара и лозинките за пристап на електронската пошта редовно да се ажурираат.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи