Горан Сугарески објави кандидатура за градоначалник на Прилеп

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Директорот на Царинската управа, Горан Сугарески ќе се кандидира за градоначалник на Прилеп, објави тој предмалку на социјалните мрежи.

Како што истакна Сугарески, убеден е дека ќе ја добие поддршката од неговите сопартијци и дека ќе извојува победа на изборите.

„Почитувани сограѓани, драги мои Прилепчани, од секојдневните контакти со Вас, Вашите сугестии, размислувања, иницијативи, заклучив дека Ви го должам мојот максимален ангажман, дека сега сум најпотребен меѓу своите, во период кога предизвиците се најголеми!

Денес објавувам дека влегувам во демократска трка за кандидат за Градоначалник на Општина Прилеп на локалните избори. Доколку ја добијам довербата на моите сопартијци, сигурен сум дека како кандидат на СДСМ, заедно со жителите на нашата Општина Прилеп ќе оствариме заедничка сенародна победа! Победа на која ќе бидеме горди!

Зошто го правам ова сега, неколку месеци пред локалните избори?

Затоа што сметам дека на еден град херој му личи да биде пример и предвесник на новата скала во демократскиот развој. Јас целата своја досегашна политичка кариера ја поминав како политички фајтер, но кој никогаш не задавал удари под појас! Затоа сметам дека е единствено исправно и политички коректно на истекот на 6 месечниот мандат на в.д. директор да прекинам да ја обавувам јавната должност во Царинската управа. Не сакам да оставам ниту трошка сомнеж дека на било каков начин ќе го злоупотребам моето учество во извршната власт за да влијаам на постапката за избор на кандидат за градоначалник. Внатрепартиската процедура не смее да има ниту една дамка.

Длабоко сум убеден дека ова е логичен и принципиелен демократски исчекор во една модерна, транспарентна и супер демократска партија како СДСМ. Тоа значи дека од 11 јули јас се враќам на моето работно место во Општина Прилеп!

Нека победи најдобриот! Ако членството на Општинската организација на СДСМ Прилеп и централното партиско раководство ја даде довербата на друг кандидат, бидете сигурни дека ќе му ја дадам мојата безусловна подршка и ќе трчам како да сум јас!“, напиша Сугарески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи