Добитниците на ваучери за одмор ќе бидат контактирани телефонски од Секторот за туризам

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Од вкупно 4 086 граѓани кои се пријавиле на повикот на Министерството за економија, 1 250 ќе добијат потврда/ваучер за туризам.

Оваа мерка е во рамки на Програмата за домашен туризам за работници со ниски приходи 2021 и предвидува издавање на потврди-ваучери за туризам во вредност од 12.000 денари за лица со ниски примања за да истите ги користат во категоризираните угостителските објекти за сместување (хотели) лоцирани во туристичките центри во Македонија.

Од ресорното министерство за „360 степени“ велат дека вработени во Секторот за туризам телефонски ќе ги контактираат апликантите чии барања се одобрени. По завршување на евалуацијата, списокот со добитниците ке биде објавен на веб-страницата на Министерството.

Ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година.

Министерството за економија ја објави листата на хотели (вкупно 76 туристички капацитети) каде граѓаните ќе може да ги искористат своите ваучери за одмор.

Целосната листа на хотели каде граѓаните може да ги искористат ваучерите погледнете ја ОВДЕ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи