Екипа од детска клиника ја истражува причината за респираторни инфекции кај деца во Гевгелија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


По зголемениот број на хоспитализирани деца во гевгелиската болница каде и педијатри од Скопје од денес изутрина утврдуваат која е причината за појава на респираторни симптоми кај 50 деца, од Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле за НоваТВ изјавуваат дека и таму имаат невообичаено висок број на прегледи и приеми на најмалите пациенти за овој период од годината.

По информациите дека во Гевгелија има педесетина дечиња до петгодишна возраст помеѓу кои и две доенчиња со респираторни проблеми, а биле негативни на ковид, тим експерти од Скопје, предводен од Д-р Аспазија Софијанова замина во гевгелиската болница, со цел да се утврди дали станува збор за нешто сериозно.

„Она што ние го направивме како тим е да земеме за сите деца дополнителни испитувања кои би ги направиле како споредба на веќе преземаните мерки и проколи од страна на колегите колеги, што значи дека во чекорите на згрижување на децата во ниту еден момент не е направен пропуст. Дополнителните резултати се земени од наша страна, ќе бидат доелаборирани антителата за евентуално постковид некоја реакција, дополнително серологија, Д-димери и целоукпна палета на респираторен панел кој го работиме на Клиника. Верувам дека на тој начин ќе направиме јасна дистинкција за што впрочем станува збор“, посочи Софијанова.

Здравствените проблеми кај децата се манифестираат со висока телесна температура, кашлица, но има и со долно респираторни инфекции како бронхопневмонија. Досега ниту едно од хоспитализираните деца не е во критична состојба, но некои имале потреба од кислородна поддршка.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи