Народен правобранител: Непримерно е деца кои не знаат да читаат и пишуваат да присуствуваат на протести со транспаренти

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Народниот правобранител апелира до организаторите на протести, од било кој вид, како и до родителите и старателите да внимаваат во поглед на вклучување на децата на протестите.

Имајќи го предвид значењето на семејството за целосниот и хармоничен развој на личноста на детето, како и примарната улога на родителите во заштитата и унапредувањето на интересите и правата на детето, Народниот правобранител почитувајќи го правото на децата да го искажат своето мислење и несогласување за сите важни прашања од општественото живеење, укажува да не се занемари можноста од нивна злоупотреба, што е недозволиво и спротивно на нивниот најдобар интерес.

„Сликите во кои деца присуствуваат на протести, како и слики во кои деца носат транспаренти, иако се уште не знаат да читаат и пишуваат, Народниот правобранител ги смета за непримерни, поради што упатува посебен апел до родителите/старателите со крајна внимателност да пристапуваат кон вклучување на децата во вакви настани, со цел да не им ги прекршуваат правата и да ги заштитат од секаков вид на злоупотреба која може штетно да влијае на нивниот развој, на што упатува и Конвенцијата за правата на детето.

Народниот правобранител, потсетува дека секое дете треба да биде подготвено за одговорен живот во слободно општество, во духот на разбирање, мир, толеранција, еднаквост и почитување на различностите, но носењето на децата на протест/и не е единствениот начин, истите да се научат да мислат критички и да го изнесат своето несогласување со одредени појави, односно истото јавно да го манифестираат“, велат од Канцеларијата на омбудсманот.

Овој апел, се вели во соопштението, Народниот правобранител посебно го упатува  и кон политичките партии, на кои им претстојат избори за локалната власт, од причина што во последните години забележан е тренд на инволовирање на децата во спотовите од кампањите, но и нивно учество на митинзите, со што меѓу другото се постапува спротивно на Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба и Декларацијата за заштита на правата на детето донесени од Собранието, во 1991 и 2003 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи