Пандемијата го наруши менталното здравје – отворен Центар за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Црвениот крст на Република Македонија денеска го отвори Центарот за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка.
Над 250 волонтери во Центарот ќе даваат психосоцијална помош и поддршка на сите граѓани кај кои сè уште постои страв од пандемијата која, пак, и натаму продолжува да предизвикува нарушување на менталното здравје кај населението.

Делокругот на работа на Центарот за психосоцијална поддршка на Црвениот крст ќе биде спроведување одржливи активности за градење граѓански и национални капацитети за обезбедување прва психолошка помош и психосоцијална поддршка за различни целни групи.

Министерот Венко Филипче на својот Фејсбук профил со поддршка за овој центар и најавува дека во следниот период интензивно мора да се работи на препознавање и на третман на психичките последици од пандемијата.

Според Филипче кој присутвуваше на настанот, сега треба да се работи со децата кои што го сменија начинот на живот и имат проблем затоа што им прекина дружбата и ќе треба да се ресоцијализираат.

„Една студија која ја работи Универзиттеот Харвард со неколку други универзитети во САД покажа дека состојбата со менталното здравје се уште не е како што треба да биде, односно дека кризата оставила последици во однос на сите елементи нотирани кај учесниците, партиципиентите во таа студија како проблеми во менталното здравје во делот на анксиозноста, стравот, паничните напади, се уште трае. Ова значи дека после завршување на кризата треба многу интензивно да се работи. Таа здравствена криза никој не ја очекуваше и една од најголемите карактеристики беше што требаше да бидеме раздвоени, што е сосема спротивно на нешто што еволуцијата не учи.

А, еволуцијата не учи на социјализација, решавање на проблемите заедно и сега имаме една ситуација во која што треба да бидеме посебно раздвоени кога некој е диагностициран или е ставен во изолација, и како додаток на се е стравот кој што не може да се сподели и да се искомуницира што е уште еден дополнителен проблем, рече министерот Филипче.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи