Петнаесет месеци затвор за тинејџерот кој ја прегази Верица Белчовска

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново.

Сообраќајната несреќа се случи на 7 април, годинава на булеварот „Ленинова” во Струмица во 19:40 часот, кога момчето кое возело автомобил марка „нисан” удрило во Верица која преминувала на пешачки премин. Возачот избегал од местото на несреќата, а подоцна, истиот ден, сам се пријавил во полициска станица.

Според судијката Цона Каламерникова, обвинетиот пред судот ја признал вината за стореното дело, а казната на момчето му е изречена за сторени кривични тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

По загинувањето на Верица, семејството ги донираше нејзините органи, кои спасија три животи.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи