Бектеши и Скрекас потпишаа договор за градење гасовод помеѓу Македонија и Грција

Facebook
Twitter
Email
Print


Грчкиот министер за животна средина и енергетика Костас Скрекас и министерот за економија на Македонија. Крешник Бектеши, денеска во Атина го потпишаа договорот за енергетска интерконекција, односно за изградба на гасоводот помеѓу двете земји.

Со реализацијата на проектот Македонија станува енергетски коридор за земјите од Југoисточна Европа.

„Ова е важно за еконмомијата во целина и за конкурентноста на нашите компании, а природниот гас ќе продолжи и на пазарите во Косово и Србија. Ја користам приликата да му се заблагодарам на грчкиот министер за одличната соработка“, изјави Бектеши.

Најпрво ќе се прави тест на пазарот за да се потврди одржливоста на проектот, додека изградбата започнува на почетокот на 2022 година. Конечната одлука за инвестиција за изградба на интерконекција на системите за природен гас меѓу Грција и Македонија се очекува да биде донесена во текот на годината.

Станува збор за цевковод долг 54 километри со почетна точка во Неа Месимврија што ќе овозможи снабдување на Македонија со природен гас преку Грција, користејќи ја инфраструктурата на гасоводот и течен природен гас на ДЕСФА.

Интерконекторот за природен гас е во вредност од околу 100 милиони евра, од кои 54 милиони евра ги инвестира Македонија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи