ВИДЕО – Од 40 до 80% се штетите кои ги направи невремето што ги погоди општините Прилеп, Кривогаштани и Крушево


Од 40 до 80 проценти се штетите кои ги направи големото невреме што пред околу 3 недели ги погоди општините Прилеп, Кривогаштани и Крушево. Најпогоден е реонот на Општина Кривогаштани каде земјделците пријавиле 370 барања за проценка на штета, во прилепско таа бројка е 275, а во крушевско дека имаат штета се пријавиле 82 земјоделци. Инаку со невремето беше опфатена површина од околу 2.000 хектари, а најпогодени беа насадите со тутун, пипер и житни култури.

Најголема штета во прилепско е помеѓу деловите на селата Чепигово и Тројкрсти. Кај културите најмногу зафатени се житните култури, каде има најголемо процент на штета. Исто така и кај тутунот. Процентите на штета се движат од 80 до 40% во зависност од културата. Процентуално досега имаме обработено 30 до 40% од барањата на земјоделците“, вели Жан Петанчески, претстедател на комисија за процена на штети.

Од Комисиите за проценка на штети велат дека планираат да завршат до крајот на овој месец. Потоа извештајот се предава до Советот на општината, од каде се препраќа до второстепена комисијата при Владата. Голем проблем е тоа што земјоделците не го осигуруваат родот. Некои поради неинформираност, а некои немаат доверба во осигурителните компании.

Ние како комисија секогаш ги потсетуваме земјоделците своите култури да ги осигуруваат бидејќи скоро секоја година со овие климатски промени се случуваат вакви невремиња. Но некои не се доволно информирани, некои не сакаат да ги осигуруваат, но како и да е потребна е поголема едукација и секој да си го осигурува родот и да ги искористи мерките кои ги даваат и самите компнии и Владата“, додаде Жарко Северкоски, претседател на комисијата за елементарни непогоди – Прилеп.

Поради нерешени имотно правни односи 20 до 30 проценти од земјоделците не можеле да ги пријават штетите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи