Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка, снимал со телефон и објавил на социјалните мрежи


Триесет и деветгодишен кумановец си ја силувал својата ќерка, снимал со мобилен телефон и видеата ги објавувал на социјалните мрежи. Грозоморниот чин тој го повторувал неколкупати во периодот од мај до јуни годинава.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против кумановецот, поради постоење на основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 став 1 и Производство и дистрибуција на детска порнографија од член 193-а став 3 во врска со став 1  во врска со став 45 став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати, во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејство врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица“, соопшти кумановското Обвинителство.

Поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, Судот му определи притвор од 30 дена.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи